Во Штип ќе се гради фабрика за автобуски каросерии

Bez autora
Dec 24 2013

Штипското јавно претпријатие "Штип проект" направи промена на Деталниот урбанистички план за да се вклопи нова градежна парцела за изградба на индустриски капацитет во кој ќе се произведуваат автобуски каросерии. Директорот на ЈП Штип проект", Александар Шумански, прецизира дека новиот капацитет ќе биде во близина на индустриска зона Север" на магистралниот пат Штип-Струмица. Се однесува на изработен Детален урбанистички план во нацрт-фаза со површина од околу 12 хектари, каде што ќе биде лоцирана фабриката за производство на автобуски каросерии за еден наш домашен инвеститор од Штип. Со изработка на урбанистичката документација во најбрз рок ќе може да ја изгради фабриката и да вработи околу 500 лица, изјави Шумански.

Во Штип ќе се гради фабрика за автобуски каросерииШтипското јавно претпријатие "Штип проект" направи промена на Деталниот урбанистички план за да се вклопи нова градежна парцела за изградба на индустриски капацитет во кој ќе се произведуваат автобуски каросерии.

Директорот на ЈП Штип проект", Александар Шумански, прецизира дека новиот капацитет ќе биде во близина на индустриска зона Север" на магистралниот пат Штип-Струмица.

- Се однесува на изработен Детален урбанистички план во нацрт-фаза со површина од околу 12 хектари, каде што ќе биде лоцирана фабриката за производство на автобуски каросерии за еден наш домашен инвеститор од Штип. Со изработка на урбанистичката документација во најбрз рок ќе може да ја изгради фабриката и да вработи околу 500 лица, изјави Шумански.

Одделението за урбанизам во општина Штип за наредната година планира промена на Деталните урбанистички планови на две локации, со што ќе се обезбедат и дополнителни градежни парцели за лесна и незагадувачка индустрија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik